Производството на мебел во нашата фирма исклучиво е концентрирано на изработка на мебел по нарачка. Задоволување на Вашите желби и потреби е примарна цел во целокупниот процес на производство, а наша најголема награда е Вашето задоволство по реализација на проектот. Затоа Ви нудиме слободен избор во обемот на нашата соработка, односно:
- Изработка на мебел по Ваше идејно решение или проект, или
- Изработка на комплетен проект заокружен со сите фази: идејно решение према дадениот простор, детален производствен проект, производство, превоз и монтажа на мебелот.
При изработката на идејното решение, нашиот искусен и иновативен проектантски тим се води првенствено од Вашите желби кои во комбинација со искуството и креативноста, најчесто резултираат со:
УНИКАТЕН МЕБЕЛ - само во Вашиот дом и никаде на друго место,
односно идеално решение за Вашиот стамбен или деловен простор.
Основни принципи во целокупниот процес на производство за нас се:
- Функционалноста на нашите производи,
- Дизајнот и естетските карактеристики,
- Запазување и точност при роковите за испорака, и секако
- Квалитетот на нашите производи за што зборува и цертификатот за контрола на квалитет ISO 9001.
За повеќе информации
распрашајте се во нашата канцеларија.